Цени на кванташки – споредете

67

Цените на овошјето и зеленчукот на кванташки пазар и покрај тоа што не се многу зголемени за разлика од лани и се далеку пониски од оние во маркетите, сепак трговците се жалат дека купувачи нема. Стандардот на граѓаните е многу понизок од лани, па неможат да си дозволат одеданаш да купат вреќа компири, кромид, гајба домати, сноп праз, пакет банани…

Трговците велат дека овошје и зеленчук има, ама народот нема пари. Велат дека многу фирми и ресторани кој набавувале роба од нив се спремаат да затворат, бидејќи имаат големи трошоци за струја и транспорт.

Освен трговците и производителите се жалат дека и покрај светската криза со храна откупните цени се ниски. Неизвесноста околу пласманот, зголемените цени на струјата, нафтата, ѓубривата и репроматеријалите ги натераа земјоделците да го намалат производството на земјоделски производи во услови кога на државата и потребно поголемо домашно производство.

Дека трошоците им се зголемени говорат и последните стaтистички податоци каде во септември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 22,5 отсто.

Од друга страна голем број земјоделци сега се во незавидна позиција, бидејќи трошоците кои ги направиле за производството, тешко ќе ги повратат, со оглед дека цените на пазарите не можат да ги зголемат колку што им се зголемени и трошоците.

Тие велат дека нема можност да ги зголемат цените на земјоделските производи и покрај тоа што трошоците им се многу поголеми, ама платите се исти како лани. , Многу земјоделци велат ако оваа година се уште има ниски цени, тоа е поради остатоците од ланските евтини ѓубрива, догодина веќе ќе нема, ниски цени.

Претставниците на Националната федерација на фармери велат дека зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива и ниските откупни цени се главни причини за намалување на обработливите површини во Македонија и опаѓање на земјоделското производство.

И трговците на зелените пазари велат дека и покрај тоа што тезгите се полни прометот е многу опаднат. Велат дека луѓето купуваат многу помалку од другите години и покрај тоа што цените на некои производи воопшто не се зголемени. Ако лани купувале по неколку килограми пипер или домати одеднаш сега купуваат само по едно до два килограми.

Земјоделците постојано се жалат дека откупувачите ги уценуваат им ги спуштаат цените и сакаат производите кои ги произвеле со многу труд да им ги земат за џабе. Според нив, откупувачите се тие кој го собира кајмакот во трговијата со земјоделски производи. Но, откупувачите – трговците велат дека земјоделците неможат без нив, бидејќи ќе нема кој да им го продава она што го произвеле.

„Пари” заедно со екипата на Земјоделие.мк направи обиколка на Скопскиот кванташки пазар, а ова се цените по кои се продаваа земјоделските производи на 16.10.2022 година:

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content