Врачена државната награда „11 Октомври“

34

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата постхумно му ја додели на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Во областа на културата и уметноста, наградата и беше доделена на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и на ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври“, Џевдет Хајредини истакна дека на конкурсот се пријавиле вкупно 23 творци од сите области на живеењето. Упати апел до сегашната и идните влади, премиерите и министрите за финансии да не штедат од буџетските средства наменети финансирање на науката, културата и уметноста.

Ликовниот уметник Мицко Јанкуловски, заблагодарувајќи се во име на сите добитници, истакна дека денес живееме во време на реалност која сме ја наследуваме од нашите предци, а која потоа треба да ја пренесеме на нашите деца и да им оставиме општествено-културно наследство.

Наградата „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1995 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content