Вчера во период од 10.00 до 15.00 часот, Одделението за полиција и Криминалистичка полиција при СВР Битола на подрачјето на Битола и Прилеп спроведоа координирана акциска контрола за откривање на возачи на кои им е изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола и забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола односно возачката книшка и откривање на фалсификувани и украдени возила, како и спречување на трговија со украдени возила.
При акциската контрола исконтролирани беа констатирани 23 прекршоци на возачите, од кои 8 возачи немале впишана забрана во возачката дозвола, 6 возачи не носеле возачка дозвола, 5 возачи бесправно управувале возило, 2 возачки дозволи биле со измината важност, а едно возило било одземено по чл. 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа и едно возило по чл.344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. За време на контролата откриени и законски санкционирани биле и 7 останати прекршоци.