ФЕНИ ги гаси печките

82

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, дознава Лидер.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата а подоцна да одат во технолошки вишок.

Ова што се случува со ЕвроНикел, оваа компанија ја прави до овој момент најголема компанија која е жртва на енергетската криза.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content