Млекото се откупува по 20 денари од сточарите, а се продава по 80 денари во маркетите, земјоделците планираат продажба преку Фејсбук
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски нагласи дека не е одговорен за откупот и големопродажната цена на млекото, откако производителите се пожалија дека откупувачите им го откупуваат за 20 денари, а во маркетите потоа се продава за над 80 денари.
Поради откупот од 20 денари за литар млеко и продажбата за неколкукратно поскапо, некои од фармерите наоѓаат алтернативи како сами да си го продадат млекото. Го нудат преку социјалните мрежи или сами им го носат по поволна цена на клиентите дома.