Совети за здрав појадок

29

Здравиот појадок може да помогне да се избегнат грицките пред ручекот, како и за подобра концентрација. Општо земено, луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат подобри навики во исхраната, што помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес и срцеви заболувања. Следат шест здрави намирници коишто треба да ги вклучите во редовната исхрана.

Јајца

Тие се богати со протеини и се нискокалорични, па помагаат за ситост подолго време, како и за стабилно ниво шеќер крвта. Јајцата содржат и антиоксиданси лутеин и зеаксантин, што помагаат во спречување на нарушувања на видот. Тие се добри и за срцето, бидејќи го регулираат холестеролот.

Чија семе

Овие семиња се одличен извор на влакна. Ја апсорбираат водата, па го зголемуваат волуменот храна што се движи низ дигестивниот тракт и на тој начин го одржуваат чувството на ситост. Високата содржина на антиоксиданси, исто така, ги штити клетките од оштетување од слободните радикали.

Чија семето може да се комбинира со бобинки, протеин од сурутка и бадемово млеко – како „смути“. Може, исто така, семките да се посипат на сендвич, тост или во овесна каша.

Бобинки

Боровинките, јагодите, малините, капинките – сите бобинки се одличен извор на антиоксиданти коишто се борат против повеќе болести, нискокалорични се и богати со влакна. Тие ги намалуваат воспаленијата, спречуваат оксидација на холестеролот во крвта и ги одржуваат здрави клетките што ги обложуваат крвните садови.

Може да се јадат со житарки, овесна каша или јогурт, или да се додадат во „смути“ – како дополнителна енергија за денот.

Јаткасти плодови

Како заситена храна којашто може да ја намали опасноста од срцеви заболувања и го контролира нивото шеќер во крвта, сите видови јатки се богати со магнезиум, калиум и мононезаситени масти здрави за срцето. Додавањето неколку лажички сецкани ореви во јогурт, урда или овесна каша може да додаде крцкавост и да ја зголеми хранливата вредност на појадокот.

Банани

Тие се одлични за потиснување на гладот ​​бидејќи содржат скроб што телото не може лесно и брзо да го свари. Наместо тоа, тој патува низ телото непроменет, а со тоа го поддржува здравјето на цревата. Незрелите банани содржат поотпорен скроб од зрелите банани, коишто имаат повеќе природни шеќери.

Овесни снегулки

Овесната каша содржи сложени јагленохидрати и влакна што го одржуваат шеќерот во крвта. Додавањето овошје богато со хранливи материи и јаткасти плодови богати со протеини може да ја направи овесната каша пообилен, заситен и хранлив, а здрав појадок.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content