Се избираат членови на Судскиот совет

41

Претседателот на Комисијата за спроведување на избори за избор на членови на Судски совет, Исамедин Љимани на денешната прес-конференција информира дека гласањето ќе трае до 15 часот и досега немаат пројавено проблеми.

Во изборното подрачје Врховен суд пријавен е само еден кандидат, судијката Мирјана Радевска Стефкова. Во оваа изборна единица има запишано пет избирачи.

Во изборното Апелационо подрачје Скопје и управните судови пријавен е само еден кандидат, судијата на Апелацискиот суд Скопје Зоран Герасимовски. Во оваа изборна единица вкупно се запишани 213 избирачи и се спроведуваат изборите во 12 изборни места.

Во изборното Апелационо подрачје Гостивар има пријавено двајца кандидати – судиите на Основен суд Тетово, Љупчо Спироски и Ивица Николовски. Изборите се спроведуваат во пет изборни места и вкупно се запишани 45 избирачи.

„Најдалечното место ни е Гевгелија и Дебар, како ќе дојдат така ги собираме и ги утврдуваме резултатите. После комисијата ги утврдува и ги објавува неофицијалните резултати. Нема цензус во Законот не е предвидено дали треба да има цензус од колку избирачи. Комисијата од тројца членови ги пребројува сите гласачки ливчиња и потоа ги утврдуваме резултатите и ги објавуваме. Кој колку добие и кој станал член ќе се знае по поминување на роковите за жалби и приговори“, рече Љимани.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content