Родители на тинејџери од Скопје на социјалните мрежи реагираат дека меѓу децата се појавил нов застрашувачки „тик-ток“ предизвик, јавува Телевизија „Телма“.
Според информациите, во овој „предизвик“, се бара децата да легнуваат на улица и се предизвикуваат меѓусебе кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на некое возило.