Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8 Септември, Денот на Независноста на Република Македонија.
Почитувани сограѓани, со намера да бидеме свои на своето, ние македонските граѓани на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината!
Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува!
Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија.
Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста! – се истакнува во честитката на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.