Се предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи, соопшти Владата и додава дека со ова предложено решение се излегува во пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, помагајќи на домашниот електроенергетски сектор.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде доставен во собраниска процедура по скратена постапка. Министерот за транспорт и врски, образложувајќи го предлог-законот, упати апел до сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да биде донесена измената за да им се помогне на граѓаните.