Како што напиша на Твитер новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг, Чурлинов поминал лекарски преглед и потпишал четиригодишен договор.
Македонскиот репрезентативец летово реши да го напушти бундеслигашот Штутгарт и да се приклучи на тимот кој настапува во Чемпионшип поради тренерот Винсент Компани.
Според Скај, Штутгарт ќе добие повеќе од пет милиони евра плус бонуси од трансферот на 22-годишниот играч за врска.
За договорот со Чурлинов се интересираше и белгискиот Андерлехт.
We welcome Darko Churlinov on a four-year deal from VfB Stuttgart for an undisclosed fee, subject to international clearance ✍️
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) August 19, 2022