Победа денеска а свој терен го пречекува Тиквеш

23

Децении наназад комшиските дуели на двата клуба предизвикувале посебен интерес кај љубителите на фудбалот. Клубовите се спортски пријатели, но и лути ривали. Се чини подобра увертира за отворање на прволигашката сезона и не можеше да се посака.

Сигурно од натпреварувачки аспект бодовите се потребни за двата тима, а црвено-белите како домаќини и повратници во елитната конкуренција сигурно ќе ги посакуваат повеќе.

Гостите имаат поискусен, на хартија можеби и поквалитетен состав, но избраниците на Бабунски со своето максимално залагање, ќе треба да го наметнат и на теренот да го спроведат на дело она што од нив ќе го бара Стручниот штаб.

Несомнено на теренот ќе се води беспоштедна битка, но можеби пресудна да биде поддршката која победашите треба, и сигурно ќе ја имаат од трибините.

-Ако на решавачките мечеви во Втората лига имаше по 4-5 илјади гледачи, тогаш на овој дуел во Првата лига црвено-белите треба да имаат поддршка од побројна и погласна публика во текот на сите 90 минути, дотолку повеќе што по пауза од 12 години ќе се игра прволигашки фудбал на Градски – велат од клубот.

Бидејќи мечот е прогласен од висок ризик и вратите на стадионот ќе се затворат во време на почетокот (17 ч,) ФК Победа ги повикува љубителите на фудбалот на стадион да дојдат порано од вообичаено, и сите да си набават влезница по симболична цена од 100 денари, со што на директен начин скромно ќе помогнат во финансирањето на клубот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content