СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Почнува одбележувањето на 21 година од Карпалак

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечер од 18 часот почнува одбележувањето на 21-годишнината од загинувањето на 10 припадници на АРМ. На 8 август кај месноста Карпалак 2001 година армискиот конвој беше нападнат од заседа и загинаа 10 прилепски резервисти.

Пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ семејствата на загинатите, претставници на Гарнизонот, од локалната самоуправа и граѓани ќе положат свежи цвеќиња и ќе биде посетена спомен собата во касарната.

Од 19 часот ќе биде посетен и спомникот на загинатите во селото Лениште кај Прилеп, а вечерна богослужба ќе се одржи во манастирот „Света Петка“ во селото.

Утре изутрина, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила.

Централното одбележување е во 13 часот пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески положи свежо цвеќе заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп и пред спомен обележјето кај селото Лениште, со што започна одбележувањето на 21-годишнината од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде 10 прилепски воени резервисти својот живот храбро го дадоа за Македонија.

Карпалак ќе биде вечен спомен за македонските синови чии животи згаснаа за нашата татковина.

Слава им.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content