Протоколот (линк до Протоколот), на 17-ти јули во Софија го потпишаа шефовите на дипломатијата на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.
Потписот на министрите Османи и Генчовска врз документот, кој воедно е записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање на патот кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.