72,8 отсто од Македонците се против францускиот предлог

36

И мнозинство од анкетираните граѓани, без оглед на етничката припадност се против, односно со „не“ се изјасниле 56 проценти од анкетираните. Анкетата е спроведена од 4-ти до 6-ти овој месец, на база на телефонско јавување, а контактирани биле 1.114 полнолетни граѓани.

Петнаесетина проценти од Македонците би се согласиле на почеток на преговорите со ЕУ врз база на овој предлог, а близу 30 проценти од вкупно анкетираните би кажале „да“ за ваков почеток на преговорите.

Граѓаните Македонци се сомневаат дека има разлика меѓу претходниот и „модификуваниот“ француски предлог, па така 62,8 проценти велат дека станува збор за истиот предлог.

Во однос на повеќеетничката структура, 48,2 отсто од граѓаните се согласуваат дека е предлогот е ист, односно дека има козметички измени.

Протестите за отфрлање на францускиот предлог го поддржуваат мнозинството Македонци, но и мнозинството од вкупно анкетираните граѓани.

Од Институтот велат дека испитаниците се избрани по случаен избор, но дека е запазена демографската, половата и друга структура битни за непристрасни истражвањана јавното мислење.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content