Луѓето со висок крвен притисок се потенцијално изложени на ризик од дополнителни здравствени проблеми како што се бубрезите, срцето и мозочниот удар. Постојат природни начини за намалување на крвниот притисок, а тоа секако вклучува вежбање и, пред се исхрана.
Според диететичарите, едно овошје кое има најмногу минерали и витамини е најдобро за слабеење. Бананите се богати со калиум, а калиумот го намалува влијанието на вишокот сол врз телото.
Ако јадете мала банана, можете да добиете околу 422 милиграми калиум, што е околу девет проценти од препорачаниот внес. Оваа навика ќе ви помогне да го намалите ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања. Покрај тоа, бананите се одлични за баланс на течности и електролити во телото.
Доколку тренирате, пожелно е да изедете банана по тренинг, бидејќи таа ги опушта уморните мускули и ги ублажува потенцијалните грчеви.
Постојат многу начини да ги вклучите во вашата исхрана. Бананите може да се стават во смути, да се додадат во житарки или јогурт или едноставно да се јадат како што се – вели диететичарот Британи Дан.
Бананите се добар извор на неколку витамини и минерали, особено калиум, витамин Б6 и витамин Ц.
Калиум – Бананите се добар извор на калиум. Исхраната богата со калиум може да го намали крвниот притисок кај луѓето со покачени нивоа и да има корист за здравјето на срцето.
Витамин Б6 – бананите содржат многу витамин Б6. Една банана со средна големина може да обезбеди до 33% од дневната вредност на овој витамин.
Витамин Ц – Како и повеќето овошја, бананите се добар извор на витамин Ц.