Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне ќе има зголемена облачност и повремен дожд со ретки грмежи.
Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.