СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

„Ако нема договор за избори, ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА ИНСТИТУЦИИТЕ“

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат. Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

– Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува, потенцираат тие.

Оттаму посочуваат дека доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.

– Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќе стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат, соопштија од партијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content