СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Минимален пад на цените на одредени производи

По најавите дека со старо новите владини мерки ќе има драстично намалување на цената на дел од основните прехрамбени производи, сликата на терен и денеска поинаква.

Мерките на Владата за максимум 7 денари успеааја да ја намалат само цената на зејтинот и макароните. Литар зејтин кој се продаваше и над 150 денари, денеска може да се најде и по цена од 148 денари. Макароните се со пониска цена за 6 до 7 денари.

Иако министерот за економија вчера тврдеше дека се прават последните калкулации на дистрибутерите и производители и денеска ќе има намалување на цените – лебот, оризот, млекото, шеќерот, брашното и јајцата претрпеа минимални измени и тоа само во текот на вчерашниот ден.

Цени на основни прехрамбени производи (пред и по владините мерки)

14.06.2022               16.06.2022

Леб (бел сецкан на парчиња и цел )          42 или 40 денари    40 или 38 денари

Сончогелдово масло за јадење                 155 денари               148 денари

6 Јајца                                                          59 денари                 58 денари

1кг. Брашно                                                  60 или 59 денари     58 денари

Шеќер                                                           61 или 59 денари     58 или 54 денари

Млеко                                                           69 денари                 65 денари

Ориз                                                             42  денари                39 денари

Макарони                                                     73 или 68 денари     67 или 63 денари

За Влада мерките дале резултат, цените велат се намалени за 5 до 10 отсто.

„Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука.“ – велат од Владата на РСМ.

Опозицијата обвинува, за ценовниот шок виновна е власта. Од денеска инспекторите на терен – непочитување на мерката засега не е забележано, вели директорката на пазарен.

Покрај овие владиниот економски тим крои нов сет потаргетирани мерки за спас од кризата, и за граѓаните и за компаниите, кои мора да го чекаат ребалансот на Буџетот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content