СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Патријархот Порфириј му го предаде томосот на архиепископот на МПЦ г.г. Стефан

Заврши литургијата во Белград по која српскиот патријарх Порфириј во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му го предаде томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква

„Денеска по благодата божја имаме прилика да овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква, Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос“, изјави Порфириј.

Колку за потсетување на 24 мај, денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот Патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, со што беше окончан 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content