Од денес до понеделник до Битола ќе се оди само преку Прилеп

23

Од Општина Битола соопштија дека затворањето на сообраќајот е заради реализација на завршната фаза од проектот за реконструкција на коловоз на улицата „Довлеџик” и токму затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата над градот, односно за доаѓање во Битола ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Според динамиката за реализација на договорот за реконструкција на сообраќајницата, од денеска, 27 мај, потоа на 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата „Довлеџик” до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот утрово, се до 08.00 часот во понеделник, 30 мај.

Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата за што се поставени сообраќајни знаци, информира Општина Битола.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content