Полагањето беше спроведено од страна на тричлена ДАН комисија во состав:
- Ѓуро Илиќ 6 дан,
- Дејан Мицкоски 4 дан,
- Драган Шеќероски 4 дан.
На испитот за полагање ЏК Сеишин Прилеп настапи со вкупно 12 кандидати кои успешно го положија испитот за соодветниот појас, односно 6 членови на клубот положија за 1 кју кафеав појас (кандидат мајстор) и 6 членови положија за 1 Дан црн мајсторски појас.
Потоа од страна на комисијата уште неколку стручни кадри беа одликувани-промовирани во повисоки дан појаси.
Полагањето он лајн го следеше и Претседателот на Дан колегиумот во Србија, Славко Обадов, 9 дан кој на крајот се обрати пред присутните и ја поздрави работата на комисијата што во последниот период е подигната на повисоко ниво и македонското џудо се движи во сигурен правец во делот од стручното оспособување на своите кадри.