Министерката за одбрана Славјанка Петровска на вечрашниот брифинг рече дека за МО и за Армијата е голема чест што се домаќини на ваква вежба. Таа изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.
– Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на македонската Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава – ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак, потенцира Петровска, додавајќи оти Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат нејзините поволности.