Детали за несреќата кај Прилеп: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

53

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа меѓу камион со албански таблички и возило „ауди“ кај селото Раец, на патот Кавадарци – Прилеп, поради што сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.

Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев вели дека сообраќајот се одвива непречено за автомобили преку алтернативен пат.

„Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,ауди А4′. Притоа, едно лице се здобило со повреди и е е пренесено во кавадаречката болница“, изјави портпаролот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content