Сирковци протестираат барајќи приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп

52

Тие ја блокираа механизацијата којашто работи на овој дел од патот, изразувајќи на тој начин револт, што останале без приклучок кон оваа делница.

-Овој проблем го имаме од пред седум години. Сме реагирале и досега, протестиравме и пред неколку месеци. Бараме од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, позитивно да одговорат на нашето барање. Бараме, исто така, да ни се асфалтираат постоечките приоди кон селото откај Росоман, доколку тие бидат оштетени при изградбата на новиот пат, појасни Веле Коцев, претседател на месната заедница.

Тој нагласи дека е срамота да го гледаат брзиот пат на околу двеста метра, а да не можат да се приклучат на него кога ќе биде готов, па да вртат со километри за да дојдат до првиот приклучок.

-Сирково е второ по големина село после Росоман во оваа општина. Има околу 500 постојани жители, но и многу луѓе постојано гравитираат наваму. Ако не се издејствува овој приклучок, тоа ќе го уназади селото и ќе ни се иселат младите, дециден беше Коцев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content