Во рамките на проектот свое учество земаат и двете граѓански здруженија од пелагонискиот регион, со своите идејни проекти, ќе го збогатат мултикултурниот простор во креирање на комуникативни мултикултурни содржини: здружението МУЛТИМЕДИА ПРЕСС – Прилеп , кое се грижи за информативно доближување на културните разлики преку создавање, печатење , промоција и дистрибуција на Е-книга на обработени приказни за деца на македонски, албански и турски јазик , снимени во професионално студио и збогатена со илустрации, како и граѓанското здружение ЛАГ АГРО ЛИДЕР – Кривогаштани, кое ќе ја издаде втората книга поезија, која има за цел да ја промовира балканската рурална поезија. И, токму проектот – Регионална мрежа за културна разновидност придонесува за помирување и меѓукултурна толеранција со отворање на нови канали за комуникација за независните културни општества, нудејќи им можности за вмрежување далеку од политичката сцена, вели Марина Терповска Штарго, Координатор за грантови ЕУ проект РЕАД
Ве молам на кратко претставете ги главните цели, партнери, поддржувачи, како и главните примарни цел и на целиот Проект.
Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) е проект финансиран од Европската Комисија во рамки на Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 и има времетраење од 4 години. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti i Libritdhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Association Krokodil Krokodil (Србија) и Qendra Multimedia (Косово). Проектот РЕАД придонесува за помирување и меѓукултурна толеранција со отворање на нови канали за комуникација за независни текултурни општества, нудејќи им можности за вмрежување далеку од политичкатас цена. Проектот има за цел да промовира вештини за читање преку зголемување на интересот за читање , ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Ова вклучува воспоставување подвижна библиотека во петте земји и поддршка на 10 регионални литературни фестивали на тема меѓу културна размена и помирување. Публиката во петте држави ќе стапи во контакт со дела од автори и култури на соседните земји, кои во неколку случаи претходно беа во конфликт и автори кои ја промовираат културата на читање како инструмент за толеранција и помирување.
Кои се главните критериуми, односно оној одлучувачки фактор кој ве наклонува да помислите дека еден предложен проект има реални шанси за успешн аимплементација, популаризација и секако, некаков вид на културно и општествено влијание?
Покрај шесте граѓански организации кои се дел од конзорциумот на проектот, активностите ќе ги зајакнат капацитетите на 90 културни иницијативи преку доделување на суб-грантови, обуки или поддршка за вмрежување. Граѓанските организации се клучни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание во културата и промените во општеството.
Во склоп на Отворените повици за суб-грантови, вкупно три повици во текот на проектот, се доделуваат мали грантови за интеркултурни и повеќејазични прокети. Интеркултурните проекти имаат за цел промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Поддршката ги покрива трошоците поврзани со литературни уметности, но и музика, театар, аудио и видео продукција, мултимедија и други иницијативи за промовирање на меѓукултурната соработка во регионот.
Поддршката на повеќејазични проекти има за цел да ја поддржи регионалната дифузија на литературни дела од партнерските земји. Очекуваниот резултат од предложените проекти е превод, во комбинација со презентација и промоција на регионална литература.
Сите предложени проекти кои планираат меѓурегионална размена и вмрежување особено на млади и се вклопуваат во целите на РЕАД проектот добиваат поддршка за реализирање на своите иницијативи.
Според истражувањата и мислењето на јавноста кои од претходно реализираните проекти привлекоа најголемо внимание, и што мислите, зашто токму тие?
Не би можеле да издвоиме конкретен проект кој оставил најголем впечаток и кој предизвикал најголемо внимание врз пошироката јавност. Сите проекти на некој начин влијаеја врз средината, опкружувањето и општеството особено во микро делот од каде потекнуваат. Сите организаци подеднакво се трудеа максимално да ја пренесат пораката за меѓусебната почит, разбирање, како и помирување помеѓу граѓаните од регионот особено во делови кои во минатото се наоѓале во конфликтни ситуации. 12 книги на автори од регионот беа преведени на локални јазици, беа издадени аудио книги, подкасти, видео записи, списанијаза релевантни теми, беа одржани бројни работилници, театарски претстави, поетски читања и креативни разговори.
За нас најголема радост предизвикуваат проектите каде посебно се вклучени младите, нивната интеракција, меѓусебна соработка, особено фактотот дека тие и по завршувањето на проектите остануваат во контакт, разменуваат пораки и се трудат да го негуваат создаденото пријателство. Се надеваме дека стекнатите вештини и контакти ќе ги користат и понатаму за да направат некои позитивни промени во своето опкружување и пошироко.Тоа за нас како тим е најголемата награда и признание дека сме на правиот пат во остварување на поставените цели кон кои се стреми проектот РЕАД
Дали сте задоволни од веќе реализираните проекти и според вас, кои беа најголемите предизвици за вас и вашиот тим, како и за реализаторите на одбраните проекти за субгрантирање?
Во склоп на првиот отворен повик во 2021 година, доделивме грантови на вкупно 29 граѓански организации од петте земји. Сите организации повеќе од успешно ги реализираа своите проекти и постигнаа одлични резултати исполнувајќи ги зацртаните цели.
Особено задоволство ни претставува тоа што веќе имаме оформена РЕАД мрежа на организации од партнерските држави која ја одржуваме и понатаму ја надоградуваме. Создадени се многу успешни приказни, пораките се испратени. Желбата за помирување, меѓусебно разбирање и толеранција преку меѓукултурна соработка успешно е прифатена особено од младите, а тоа е нашата највисока цел. Искрено се надеваме дека и новоизбраните 25 организации ќе го постигнат истото оваа година.
Предизвици секако имаше доста, почнувајчи од пандемијата, која особено ја отежна мобилноста на граѓаните и го отежна планирањето на секаков вид активности и настани. Со оглед на тоа дека организациите кои РЕАД ги поддржува се помали и располагаат со лимитирани човечки ресурси, секој совет и поддршка за нив се добредојдени. Сметаме, а тоа ни го потврдуваат и нашите грантисти, дека за секој еден предизвик успеавме да најдеме едноставно решение без многу компликации. Најголем предизвик за нас и нашиот тим беше административниот и давање поддршка во изготвувањето извештаи, као финансиски така и наративни. Од овие причини проектните партнери организаираат работилници за зајакнување на административните, но и програмските капацитети на граѓанските организации. Тоа е една од целите на РЕАД проектот.
Овој пат, и две здруженија, односно два пријавени проекти од Пелагонискиот Регион ја добија вашата поддршка. На кој начин и со какви механизми (освен финансиски), Вашата организација ги поддржува, односно им помага на сите субгрантирани организации за подобра имплементација на своите зацртани цели, и со самото тоа поуспешна промоција на целиот РЕАД проект?
Особено задоволство ни претставува тоа што голем број од апликациите за грант не ги реализираат своите проекти во главните градови. И во 2021 година 3 организации од Пелагонсикиот регион успешно реализираа активности поддржани со РЕАД грант. Во склоп на тренинзите за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, локално организирани од проектните партнери, се нудат обуки на различни теми зависно од потребите на нашите грантисти. Најчесто обуките се за проектен менаџмент, финансиско раководење на ЕУ проекти, комуникација и видливост на ЕУ проекти, изготвување извештаи и правилно известување, како и пишување проектни апликации и обезбедување нови извори на финансирање за организациите. Со тоа се обидуваме на помалите организации да им понудиме алатки и вештини за работа на проекти и поодржливо финансирање на своите идеи. Целиот РЕАД тим е постојано достапен на грантистите за да ги насочува, советува и заедно да се соочуваат со предизвиците кои се неизбежни во секојдневното работење.