„Ова значи дека сите продажни објекти кои продаваат леб, брашно, јајца, млеко, ориз, шеќер, месо и сончогледово масло од денеска мора да ги продаваат со нула отсто ДДВ при малопродажба. Исто така потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака ’г‘ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност“, велат од УЈП.
Мерката ќе важи до 31 мај годинава, а e дел од пакетот антикризни мерки кои ги изгласа Собранието.