Педагошката служба денеска објави Конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки.
Министерството за образование и наука информира дека објавениот конкурс е во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во средното стручно образование.
Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование, соопшти МОН.
Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 27 јуни 2022 година.
Во конкурсот се содржани информации условите и критериумите за учество, потребната документација и начинот на доставување на ракописите.