Црвено-белите одиграа само 1:1. Победа водеше во текот на целиот меч, се до судиското продолжение (93мин), кога гевгеличани израмнија и им одзедоа два драгоцени бода на домаќините.
Ова е трето последователно реми за прилепчани, кои сега се наоѓаат на -4 бода од лидерот на табелата Слога Виница.
Триумф денеска забележа и Беласица против Детонит, и се изедначи на ист број бодови со Победа.
Слога пак со 1:0 на домашен терен го победи Кит Го и засега сигурно чекори кон директен влез во Прва лига.
Во наредното коло победашите повторно му гостуваат на Детонит, со кого пред два викенди одиграа само 0:0.