Се намалува акцизата и ДДВ-то за горивата

32

Мерките се поделени во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

-Ја пролонгираме примената на повластена даночна стапка од 5% за прометот со електрична енергија кој домаќинствата. Како и досега, со оваа мерка го ублажуваме ценовниот удар од растечката цена на електричната енергија на светските берзи и го штитиме животниот стандард на граѓаните. Оваа повластена даночна стапа ќе важи до декември 2022 година. Препорака за менување на методологијата за утврдување на цената за домаќинствата и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија е следната мерка. Нова методологија која ќе обезбеди пониска цена за електричната енергија за домаќинствата кои се најпогодени и за малите потрошувачи. Ја продолжуваме програмата за енергетска сиромаштија. Оваа мерка вклучува субвенции за потрошувачка на енергија за сите домаќинства корисници на електрична енергија, вели Ковачевски.

-Субвенциите за пензионерите се во вредност од 1.000 денари за три месеци или вкупно 3.000 денари кои би се користеле на купување на основните производи што произлезе од Социјалниот дијалог којшто го имавме со Сојузот на здруженија на пензионери. Го продолжуваме субвенционирањето на цената на електрична енергија за регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи. Со оваа мерка ги штитиме потрошувачите во периодот на значителен ценовен пораст на електричната енергија која во моментот е со рекордни цени на светските берзи. Мерката ќе е активна до јучи 2022 година. Ја субвенционираме цената на топлинска енергија. Со оваа мерка овозможуваме навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија за потрошувачите на делови од Град Скопје, вели Ковачевски.

Една од мерките е и финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светска банка спроведен од Министерството за финансии.

Ковачевски рече Владата дала и препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа.

-Препораката е цените да се менуваат на дневна основа, барем во периодот додека трае енергетската криза во Европа и на тој начин да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука. Го пролонгираме воведувањето на еколошката такса за енергенси. Со оглед на големиот пораст на берзанските цени на нафтата Владата ќе го пролонгира воведувањето на т.н. еколошка такса за енергенти која е во собраниска процедура. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при промет на енергенсите, дизел, безоволен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на крајните потрошувачи, граѓаните, вклучително и земјоделците кои произведуваат во мал обем, односно не се регистрирани. Со намаленото ДДВ практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните, со што имаме заштита на животниот стандард од една страна, а од друга страна преку мерката се зголемува ликвидноста и солветнтноста на фирмите. Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени. Намалување на акцизата за 1, односно 2, односно 4 денари по литар на безоловниот бензин, на гасното масло, како погонско гориво дизел и на гасното масло како гориво за греење, екстра лесното масло за греење во случај средната дневна берзанска цена предметните енергенти за аконтација да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1.000 американски долари за тон, односно од повисока од 1.000 американски долари за тон, но пониска или еднаква од 1.200 американски долари за тон, односно да е повисока од 1.2000 американски долари за тон. Мерката се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на енергентите на светските берзи и со тоа заштита на куповната моќ на потрошувачите, рече Ковачевски.

Според него, мерката ќе има директно влијае врз малоппродажната цена на овие енергети и тоа за околу 1,2 денари, односно, 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот за намалениот ДДВ за износот на намалена акциза.

-Би се применале акцизи намалени за 2 денари, дизелот наместо 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари, рече Ковачевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content