Комунален мешан отпад, градежен шут, отпад од градење, кревети, постели, јоргани, пластика и пластични предмети, најлон, градинарски биоразградлив отпад е исфрлен позади касарната. Диво создадената депонија започнува од крајот на ул,, Ердован Шабаноски’’, и се чини како да нема крај каде завршува.Според градежните оперативци од ,, Комуналец’’, само од оваа локација треба да се исчистат и транспортираат до депонијата во Алинци, над 1000 м3 отпад.
Останува апелот од комуналците дека сиот отпад без разлика на количините го собираат комуналните работници од домовите, освен градежниот шут за кој е потребно корисниците да изнајмат трактор по цена од 630,00 денари, или контејнер од 5м3 по цена од 1360,00 денари.