Матичните лекари утре излегуваат на протест

39

Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За утре попладне е закажана средба од заменикот-министерот за здравство.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content