РОДЕНДЕН НА ВЕЛИКАНОТ: Македонија денеска по четврти пат го слави раѓањето на нејзиниот идеолог Гоце Делчев со придавката Северна
„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, гласи една од пораките на великанот.
Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Загинал на 4 мај 1903 година во Баница.
Годинава, по четврти пат, Македонците ќе го одбележат роденденот на Делчев со придавката Северна пред името на Македонија, за која се жртвувал.
Оваа година одбележувањето на 150 години од раѓањето на македонскиот великан е во атмосфера која тешко ја доживуваат Македонците во Македонија и низ светов бидејќи и Гоце Делчев е дел од политичката трговија со македонската историја што актуелната власт во Македонија ја прави со соседите. Најпрво со Грција за античката историја, а сега со Бугарија за средниот век, Илинденскиот период, па се до Втората светска војна и Народно ослободителната борба на Македонија.