СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Првпат во 18 години, активноста на Фејсбук опаѓа

Според Мета Нетворкс (Meta Networks), дневната активност на корисниците падна на 1.929 милијарди во трите месеци до крајот на декември. Бројката во претходниот квартал изнесуваше 1.930 милијарди.

Според Марк Закерберг, човекот кој го создаде Фејсбук, фирмата е погодена бидејќи корисниците, особено оние помладите, се префрлија на други социјални мрежи.

Мета, која ја поседува втората најголема светска платформа за дигитално рекламирање по Гугл, соопшти и дека е погодена од промените во приватноста на оперативниот систем на Епл.

Според главниот финансиски директор на Мета, Дејв Венер, промените направија на брендовите да им биде потешко да таргетираат и да го измерат своето рекламирање на Фејсбук и Инстаграм, што би можело да има влијание „од редот од 10 милијарди долари” за оваа година.

И покрај тоа што компанијата се обиде да инвестира во видео, со цел да се натпреварува со ТикТок, заработува помалку пари од тие понуди, отколку со оние на Фејсбук и Инстаграм.

Фејсбук отсекогаш беше платформа која расте. За секој квартал во своето постоење, глобалните бројки се движеа само во еден правец. Но, во последните години, дојде до застој на растењето на платформата во Европа и во САД. Тоа се покри со зголемување на корисници од други страни на светот.

Фејсбук не е толку популарен кај младите, како некогаш. ТикТок му наштетува на бизнисот.

Но, има и други причини поради кои инвеститори се загрижени кога е во прашање Мета.

Можеби одговорот, кој ќе ги реши проблемите на Мета, е, да го купи ТикТок? Но, регулаторите во САД тоа не би го дозволиле никогаш, со оглед на законите за анти-натпреварување.

Многумина во Силиконската долина сега гледаат на Фејсбук како отровен бренд. Дефинитивно не е добро место за работа на ист начин, како што беше, да речеме, пред десет години, пишува Би-Би-Си.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content