СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Црното кафе може да помогне при слабеење

Иако кафето најчесто се користи за подигнување на нивото на енергија, хранливите материи што ги содржи може да помогнат при губење тежина.

Исто така, може да го подобри и варењето, го поттикнува метаболизмот, мускулната функција и корисно е за здравјето на срцето.

На светско ниво, луѓето консумираат преку 160 милиони пакетчиња кафе годишно, а новите истражувања покажуваат дека напитокот може да помогне и во слабеење.

Кафето, кога се консумира во умерени количини и без премногу додадени засладувачи, може да поттикне губење тежина и да биде корисно за Вашето целокупно здравје, изјави Ешли Шо, регистрирана нутриционистка, за „Инсајдер“.

Истражувањата покажаа дека учесниците кои пиеле различни дози кафе во текот на два месеци имале повисоки метаболити – производ на метаболизмот. Повисокиот или побрз метаболизам ќе овозможи согорување повеќе калории при одмор или за време на физичка активност, што може да помогне при губење на тежината.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content