СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Софтелигенце“ ќе отвори Центар за испорака во Скопје

На компанијата ѝ се потребни развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе.

Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 отсто) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели за порталот Економија и бизнис  Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција „Софтелигенце“ (Softelligence).

Оваа компанија, неодамна, основаше фирма во земјава и најави дека ќе инвестира 1 милион евра и ќе отвори 100 работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Компанијата има раст од 20 до 30 отсто годишно и опслужува компании од светска класа во финансиските услуги.

Нашиот тим порасна 25 отсто за помалку од една година. Нашата амбиција е да продолжиме да им служиме на нашите клиенти во Велика Британија, САД и Европа од она што сакаме да станеме Источноевропски центар на извонредност во финансиските услуги, да обезбедиме технолошки и консултантски услуги околу дигиталната трансформација водена од податоци и да бидеме препознаени за нашата извонредна експертиза во двете – технологија и области поврзани со бизнисо – вели Блидарус.

Предвидените 1 милион евра компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, посочува, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во С Македонија ќе може да има корист од овие  решенија.

Бидејќи нашите клиенти се глобални, не може да го исклучиме фактот дека некои од решенијата што ги имплементиравме во други земји можеби веќе работат во вашата земја. Да, верувам дека можеме и најверојатно ќе се ангажираме и ќе обезбедиме решенија за банките или осигурителните компании во Македонија. На овој начин, нашите колеги во земјава ќе можат да се гордеат што нивната работа влијаела врз нивниот секојдневен живот или животот на нивните семејства, кога комуницираат со својата банка, земаат нов кредит, изнајмуваат автомобил, купуваат ново осигурување или поднесуваат барање – вели тој.

Во оваа насока, Блидарус наведува дека се потребни развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе.

-Најважните технологии на кои се фокусираме во моментов се .NET и технологијата поврзана со податоци и класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со облак технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето – вели  Блидарус.

Компанијата Softelligence има седиште во Лондон и има 2 центра за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content