Наместо на заедничка традиционална божикна трпеза поради пандемијата и ковид мерките за заштита, Детската амбасада за сите деца во светот годинава со над 600 пакетчиња и 550 дневни оброци опслужи околу 500 деца од сите категории и тоа во Прилеп, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Штип, Охрид, Стумица и во други градови од земјава.
Притоа беше испратена и пораката и мотото на оваа манифестација „едно небо за сите деца“.
Благословен да е овој божикен ручек. Денешниот е посебен колку што е посебен голем и светол овој православен христијански празник. Децата се нашата радост нашата иднина, во секој дом тие ја чуствуваат својата топлина.
Од Детската амбасада за сите деца во светот велат дека како и годинава така и во изминативе 15 години предтоа на заедничка трпеза седнале и радоста за Христовото раѓање досега меѓусебе ја споделиле над 9000 деца од Македонија.