Предвидена е „League of Legends“ една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 за денеска, потоа популарната „Dota 2“ со натпреварување 1 против 1 утре и мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација „Counter-Strike: Global Offensive“ 2 против 2 в недела. Два дополнителни дена, понеделник и вторник, се одвоени за популарни македонски стримери на платформите YouTube и Twitch ширум целата држава.
Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат онлајн и со мотото „HelpTheOthers“, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за онлајн предавања и учење или пак работа. Со цел да приказната биде уште поуспешна овој настан со хуманитарни цели е во изведба со „Донирај Компјутер“ и Eвропеецот на годинава, Борче Стаменов.