СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Жителите на Жабино Маало го одбележаа заштитникот на градот Св. Никола Чудотворец

Градоначалникот Борче Јовчески денеска беше присутен на традиционалната прослава на празникот „Свети Никола“ во населбата Жабино Маало.

Секоја година жителите од оваа прилепска населба еден ден пред празникот „Св. Никола“, со богата посна трпеза и топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп.

Градоначалникот Јовчески го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани.

Воедно ја искористи приликата да ги покани сите прилепчани за утрешната прослава на патрониот празник на Прилеп.

Одбележувањето ќе започне со Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, а централниот настан по традиција се одржува кај параклисот во центарот на градот, кога ќе биде прережан славскиот колач и означен новиот домаќин за следната година.

Годинешните домаќини Гоце и Александар Стојкоски, исто така го честитаа празникот на сите присутни и порачаа дека чувството е прекрасно и до година да бидат уште побројни.

Домаќин за наредната година се пријави Ракометниот Клуб Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content