Нема формулација „меѓувладина конференција оваа година“ во ЕУ заклучоците за Македонија

35

Европската комисија и Советот на ЕУ изразија задоволство за компромисот постигнат во делот на проширувањето и го нарекоа „ремек дело на способноста на ЕУ да изгради компромис“, како што изјави потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јоурова.

Сепак тој компромис повеќе не го вклучува рокот за старт на преговорите „до крајот на оваа година“.

На прашање на МИА дали Словенија е разочарана што не ја исполни амбицијата и дали е тоа знак дека новата бугарска Влада не е подготвена за брзо отворање на преговорите со  Македонија, словенечкото претседателство изјави дека е задоволно со крајниот компромис.

– Она што е важно се заклучоците на Советот, не ги споредуваме со претходните нацрти, некои формулации се тука од пред два месеца и повеќе, но бидејќи преговорите за вакви документи се многу долго, дефинитивно би го оценил денешниот ден како успех, изјави државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпер Довжан.

Тој понатаму нагласи дека ова е „пример за духот на компромис и лојална соработка на земјите членки“.

– Она што начелно предвидовме да го постигнеме не беше изводливо оваа година и ова е фактичката причина зашто „оваа година“ не се појавува повеќе во заклучоците, додаде Довжан.

МИА побара објаснување зашто  Македонија е третирана различно од сите други држави во овој текст преку употребата на долгото име – Република Северна Македонија, секаде, додека другите се именуваат со нивното кратко име и дали ова претставува нов спор со името на земјата овој пат наметнат од Бугарија.

– Ова е одвоено прашање, за почетокот на преговорите потребна ни е преговарачка рамка, тоа е друг процес кој ќе биде започнат, бидејќи имаме нова Влада во Бугарија и многу сме оптимисти дека ќе се тргне по одамна поставениот пат што е можно поскоро, изјави државниот секретар на Словенија.

Во крајните заклучоци отстранета е експлицитната референца што ги поврзува процесот на проширување за  Македонија со имплементацијата на Договорот со Бугарија, меѓутоа оваа референца е присутна и во самата преговарачка рамка, како што објаснуваат дипломатите што имале увид во рамката.

Ако Македонија дојде до чекорот на усвојување на таа преговарачка рамка останува прашањето како ќе се води дипломатска битка на тој терен за да не се дозволи процесот на преговори да биде заробен од билатералниот спор помеѓу Скопје и Софија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content