Се забранува употребата на пластични кеси

61

Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари. Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

– Дефинитивно ова е момент за да ги смениме нашите навики и се освестиме за тоа колку отпад создаваме – порачуваат од „Гоу грин“.

Оттаму посочуваат дека во просек трошиме по две пластични кеси по жител секој ден.

Исто така, од 1 декември се забранува користењето на пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.

Ова се дел од мерките вградени во шестте пакет закони во делот на управување со отпад  што беа донесени во септември оваа година, со цел да се подигне свеста кај населението за намалување на отпадот и да се применат стратегиите и другите политики во Европската Унија за повторна реупотреба и рециклирање, користење на отпадот како гориво и депонирање, како најнепосакувана опција за справување со отпад.

Од „Гоу грин“ изработија прирачник што е практично известување за променета законска регулатива и зголемената одговорност на засегнатите страни. Во неа се обработени одредби од Законот за управување со отпад, каде јасно се потенцира хиерархијата во управувањето со отпад, кој и како се врши стратешко планирање во управувањето со отпад, обработка на што треба да содржат стратешките документи и планови. Опфатен е и делот со условите за стекнување уверение за Управител на отпад, Виш Управител – кој се јавува како потреба за изработка на планските и стратешките документи.

– Доколку почнеме да делуваме уште на почетокот на создавање на отпадот, директно влијаеме на количините со кои подоцна треба да се справуваме. Да тргнеме од себе, ако секој од нас почне да внимава што купува (потеклото, амбалажата, составот на производите) и притоа свесно одбира што ќе купи, како потрошувачи влијаеме на продажбата, со што ќе ги мотивираме компаниите да наоѓаат еко-решенија за пакувањето на нивните производи – велат од „Гоу грин“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content