Регионална конференција за „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”

29

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, а свое обраќање ќе имаат и претседателот на Собранието на Црна Гора Алекса Бечиќ, потпретседателот на српскиот Парламент, Радован Тврдишиќ и претставникот на Собранието на БиХ, Лазар Продановиќ.

На регионалната конференција ќе зборуваат претставници на здруженијата на новинари од Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, како и од парламентите од овие земји.

Предвидено е Конференцијата да заврши со потпишување Декларација и изјави за медиумите.

Конференцијата е организирана во рамките на регионалниот проект „Подобрување на дијалогот меѓу новинарските здруженија и парламентите во Западен Балкан за посилен граѓански сектор”, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество” имплементиран од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content