СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Денеска се одбележува Светскиот ден на детето

Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, потребата од заштита на правата на децата и подобрувањето на нивната благосостојба.

Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето ќе го прослави отстапувајќи простор на децата самите да се застапуваат за своите права.

За таа цел, преку онлајн конференција на платформата „Зум“, со почеток од 11 часот, Меѓаши ги поканува медиумите да ги отворат нивните камери, пера и срца и да го почитуваат мислењето на децата и она што тие сакаат да ни го соопштат да го пренесат до пошироката јавност.

 

Оттаму велат дека Светскиот ден на детето треба да нè поттикне сите нас и инспирира за застапување, промовирање и спроведување на детските права, преточувајќи ги во дијалози и акции што ќе изградат подобар свет за децата.

Во рамките на настанот „Преосмисли ја иднината – Младински повик за акција“, пак, денеска децата и младите ќе упатат Младински повик за акција и ќе разговараат со носителите на одлуки за следните чекори што треба да се преземат за да се преосмисли подобра иднина за секое дете.

Тројца млади говорници, на настанот кој е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, ќе заземат централно место и ќе го претстават повикот за акција што се фокусира на три теми кои децата и младите од земјата ги издвоија како најважни за нив: квалитетно образование, животна средина и квалитетен живот.

Како што информираат од УНИЦЕФ, претседателот Пендаровски и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани ќе се придружат со свој осврт и обраќање.

Во текот на средбата, носителите на одлуки, меѓу кои ќе има пратеници од Собранието, градоначалници, претставници на меѓународните организации и експерти, ќе имаат можност да слушнат повеќе од децата и младите и да се вклучат во подиректен разговор во мали групни дискусии кои ќе бидат водени од самите деца и млади. Тие, исто така, ќе имаат можност да  разговараат за конкретни акции како одговор на предизвиците во секоја од трите теми.

Настанот е дел од целогодишната иницијатива на младински консултации „Преосмисли ја иднината“ во која младите од целата земја ги споделија своите гледишта и идеи за решавање на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина и ќе може да се проследи преку пренос во живо на социјалните мрежи на UNICEF MK.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content