СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

За исплата на К-15 од најмалку 11.300 денари останаа уште два месеца

Работодавците имаат уште три недели, односно до крајот на декември на вработените да им го исплатат регресот за годишен одмор.

Регресот за годишен одмор е законски задолжителен и работодавачите може да исплатат помал износ само во договор со работничките организации доколку фирмата годината ја заврши со загуба.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ке се движи од 9.610 – 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

Напомена
Казните за фирмите кои нема да исплатат К-15 се големи и достигнуваат до 4.000 евра, а контроли може да се вршат преку Државниот инспекторат за труд.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content