СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Во Кина одржан натпревар за хакери

Во кинескиот град Ченгџу е одржан „Тиан фу куп“, натпревар во хакирање легални оперативни системи. Правилата се позајмени од најпознатиот и традиционален натпревар во хакирање „Пвн2Овн“. Најдобрите хакери се од безбедносно-истражувачката фирма „Кунлун лаб“, кои за освоеното прво место добиле награда од 654.500 долари.

Од најавата за натпреварот и поставените цели, учесниците имале неколку месеци да се подготват на уредите што ги обезбедил организаторот. Имале трипати по пет минути да се обидат да иницираат хакерски напад, на еден или на повеќе апарати, за да бидат поефикасни. Натпреварот опфатил 16 различни цели, а учесниците успеале да освојат 13, што претставува голем успех.

Не успеале да ги хакираат: „Сунолгу ДС220јНАС“, „Ксиаоми Ми 11 смартфон“ и кинеското електрично возило што сѐ уште нема име, за кое ниеден од учесниците не пријавил интерес. Повеќето експлоатации биле ескалации на привилегиите и далечинско откривање на кодот. Меѓутоа, две експлоатации на годинашниот натпревар се истакнале. Првата е далечинско откривање на кодот без интеракција – верижен напад на заклучен ИОС 15, кој го има на новиот „ајфон 13“. Втората експлоатација е далечинско откривање на кодот во два чекора – верижен напад на „Гугл хром“, што не е видено на хакерските натпревари со години.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content