СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Најави за поскапа струја – Кои уреди од домаќинството се најголеми потрошувачи?

Цената на струјата останува стабилна до крајот на годинава, смируваат надлежните, сепак предупредувајќи дека не се знае што ќе се случува од јануари следната година.

Оние кои се топлат на струја веќе ги започнаа пресметките за цената која ќе треба да ја одвојат од семејниот буџет за сметката за струја. Но, не само уредите за топлење трошат струја, тука се и голем број на апарати од домаќинствата.

Според експертите најголеми потрошувачи на електрична енергија во домот се оние од кујната. 

Фрижидерот троши многу затоа што мора да работи цело време, а шпоретот затоа што за еден час повлекува најмногу електрична енергија. Податоците од стручни проекти за енергетска ефикасност покажуваат дека фрижидерот месечно троши 108 киловат-часови, додека шпоретот, со само еден час работа во денот, троши 120 киловати електрична енергија секој месец.

Ако ја вклучуваме секој ден, машината за садови, овој апарат ќе биде на трето место по потрошувачка и во месецот ќе ни потроши 90 киловати струја.

Ако бојлерот го вклучувате секој ден по еден час, месечно ќе ви потроши 60 киловат-часови со што тој доаѓа на четврто место по потрошувачка на електрична енергија.

Како големи потрошувачи на електрична енергија се и сијалиците во домот. Пресметките покажуваат дека тие месечно трошат 45 киловати.

Телевизорот во моментот кога ќе го исклучите телевизорот преку далечинското, тоа не значи дека телевизорот не троши повеќе струја. Напротив, овој уред и понатаму ќе троши електрична енергија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content