СОСТОЈКИ:
- 13 кг. пиперки
- 2 кг. моркови
- 2 главици карфиол
- 1 кг. кромид
- 20 л. вода
- 5 л. оцет
- 40 лажици сол
- 20 лажици шеќер
- 5 кеси винобран од 10гр
- 5 кеси конзерванс од 5 гр
- Се мијат пиперките, им се сечат дршките, се боцкаат со виљушка на две три места.
- Се мие морковот и се сечат краевите, но не се лупи.
- Се лупи кромидот и се мие, па се двои карфиолот и се мие секој цвет, па се реди во буре пиперки, моркови, кромид и карфиол.
- Се мешаат во шерпа вода, оцет, сол, шеќер, винобран и конзерванси, се остава да се растопат и соединат.
- Се ставаат и тие во буре.
- Се притиска со чинија убаво и се затвара.
- Нека стои додека не се скисели.