СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Првите 149 авганистански граѓани пристигнaa во Македонија

Авганистанските граѓани на аеродромот ги пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи и д-р Милица Бубало, раководител на Итната медицинска помош.

Министерот Бујар Османи рече дека било решено да им излеземе во пресрет кога им е најпотребно , зашто биле загрозени. Жена во поодмоната бременост е пренесена на Клиниката за гинекологија во Скопје , каде ќе и се даде потребната медицинска помош.

Трошоците за нивното сместување ги покриваат организациите каде што биле вработени , но не е исклучено да им помогне нашата држава, ако е потребно.До сега сме дале согласност за 750 граѓани , во контакт со нашите партнери со кои сме соработувале , рече Османи.

Оваа група преку Грција стигна во Скопје , во соработка со сите партнери. Ние сме спремни , а секако и граѓаните за поддршка и солидарност да им дадат на овие граѓани , на кои им е потребна.

По пристигнувањето на Авганистанците ќе им бидат поделени пакети со храна и со автобуси ќе бидат однесени на здравствени прегледи.

Според информациите од Владата вечерва пристигнаа 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content