СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Собранието почнува со работа, пратениците се враќаат од одмор

Пратениците се враќаат на работа во Собранието, на речиси месец и половина пред локалните избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември. Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември.

Пратеници сметат дека имајќи ги предвид изборите, активностите на Собранието ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

Првата недела од следната парламентарна сесија се очекува да мине во знакот на комисиските расправи. Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

Нова седница се најавува за средината на септември, додека нови материјали пристигнати овој месец, се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, Предлогот на закон за академија за судии и јавни обвинители, Предлогот на закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлогот на закон за лековите, Предлогот на закон за парничната постапка, Предлогот на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Барање за давање на автентично толкување на член 21, став 1, точка 4 од Законот за данок на добивка, поднесено од Владата на Република Северна Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 135, ставовите 1 и 2 од Законот за судска служба, Кварталниот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија, август 2021 година, како и Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content