СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Казна од 250 за граѓаните, а до 30.000 евра за угостителите

Парични казни од 250 евра до 30.000 евра се предвидени доколку не се почитува владината одлука за поседување на сертификати за вакцинација при влегување во угостителски објект или на настан. Најмалата казна е предивдена за лице кое е затекнато како седи во угостителскиот објект, а најголемата за фирмата која го пуштила лицето да седи во објектот без да биде вакциниран. Директорката на Пазарниот инспекторат, Анета Симеска Димоска, вели дека инспекторите ќе вршат контроли, но не со цел да казнуваат, туку да ги натераат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширењето на коронавирусот.

„Глобите се движат од 2.500 евра до 30.000 евра за правните лица, а тоа зависи од големината на правниот субјект и зависно од прекршокот. За различни прекршоци, има разни казни. Има глоба за одговорно лице од 1.500 лица, за физичко лице од 250 евра. Тие се предвидени со Законот за заразни болести“, вели Анета Симеска Димоска в.д. директорката на Пазарната инспекција.

Инспекторите нема да ги бараат сертификатите од граѓаните, туку од редарот и угостителот. Инспекторот може да им посочи на нив да ги земат и донесат сертификатите од гостите во локалот. Директорката Симеска-Димоска вели дека тие немаат надлежност да ги контролираат од маса на маса.

 

„Имаме свој план и начин за контрола. Нашите инспектори нема да одат од маса на маса. Не сакав да го кажам, но сите новинари, толку многу вршат притисок на нас да некој детали дознаат – но мислам дека има граници до каде ние треба да се отвориме со начинот на нашето постапување, бидејќи тоа предизвикува и проблеми при постапувањето во угостителскиот објект. Имаме свои начини како да го извршиме надзорот, мислам дека е коректно да имаме работи кои не смееме да ги кажеме во јавноста. Ние како Пазарен инспекторат ќе имаме разбирање по сите основи бидејќи нашата цел и согласно начелото кое го имаме со законот е превенцијата. Ние нашата цел е да превенираме. Доколку не можеме да ја добиеме целта на инспекцискиот надзор со превенција, тогаш ќе преземеме мерки. Не е единствено цел казнувањето. Јас навистина сум револтирана денеска зошто постојано сите прашуваат колку ќе бидат казните, како ќе бидат казните. Нашата цел не е веднаш да влеземе и казнуваме, туку со превенција да го регулираме. Доколку не се исполни целта на инспекцискиот надзор, тогаш ќе преземеме мерки“, додава таа.

Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content